Резултатите од аутопсијата на рускиот бизнизмен Борис Березовски покажаа дека неговата смрт настапила како последица на бесење, соопшти британската полиција.
Припадниците на полицијата не прецизираа дали станува збор за самоубиство, но нагласија дека не откриле знаци на насилна смрт.
Березовски беше најден мртов во саботата во бањата на неговата семејна селска куќа во околината на Аскот, на четириесетина километри западно од Лондон.
Мртвото тело на некогаш најбогатиот Русин го пронашол еден од неговите соработници, откако претходно морал да ја скрши вратата на бањата која била заклучена од внатре.
Според неговото објаснување дадено на полицијата, Березовски лежел на подот облечен без видливи траги на насилство, како и без траги од крв.