Австралиецот Тревор Бурнс доби медал за храброст бидејќи фати ајкула долга 3,7 метри за опашот, за да ја спаси жената која што ја нападнала.
Бурнс доби Ѕвезда за храброст поради својата борба со ајкулата и спасување на жртвата Елиза Франко, во близина на градот Рокингам на југозападот на земјата во 2010 година.
Единствената „поголема“ австралиска награда за храброст која се доделува на цивили е Крст на храброста.
Франко работела како водич и на група туристи, вклучувајќи го и Бурнс, им покажувала делфини кога ајкула ја гризнала за ногата.
Бурнс неколку секунди успеал да ја задржи ајкулата која тогаш ја пуштила жената и отпливала понатаму. Франко набрзо успеала да се опорави од повредите.