Најмалку пет лица побарале здравствена помош, откако во продавницата „Мистер Донат“ по грешка испиле белило, наместо вода.
Јапонската компанија „Даскин“, специјализирана за чистење, која соработува со американски ланец за брза храна, соопшти дека во петок, една од нивните продавници во Осака, послужила растворено белило во вода за пиење.
Инцидентот се случил откако еден од вработените истурил раствор во садот за вода, како дел од процедурата за чистење, на крајот од претходниот ден, соопштија од компанијата.
Но, друг вработен кој мислеле дека садот е исчистен, во него ставил вода за гостите, по што на непријатен вкус се пожалиле 12 лица.
Пет лица завршиле во болница, но никој од нив е во тешка здравствена состојба. „Даскин“ работи во рамките на 1.300 продавници на „Мистер Донат“ во Јапонија.
Елена Георгиевска