Овие фотографии ги обележаа 20-те години власт на Владимир Путин

Од:

Владмир Путин, на 31 декември обележа 20 години на чело на Русија – земја која ја води две децении како претседател или премиер, низ геополитички кризи, вооружени судири, но и големи спортски настани.

Кога поранешниот КГБ агент за прв пат е избран за претседател на Русија на 31. декември 1999-та година, во Белата куќа живееше Бил Клинтон. Во меѓувреме, Америка имаше уште три претседатели, а Велика Британија пет премиери.

Од светски конфликти, преку скандали на домашен терен до спортски триумфи и пропаганда – ова се фотографиите кои ги прикажуваат двете децении на власт на Путин.

Борис Јелцин го предава претседателството на Владимир Путин, 31. декември 1999.

Поранешен офицер на КГБ стана премиер на Русија во август 1999 година, непосредно пред почетокот на Втората чеченска војна, која избувна по серија бомбашки напади врз станбени области. Руските сили влегоа во Чеченија во октомври за да ја вратат контролата врз територијата.

Почетокот на неговиот мандат за претседател беше обележан со конфликти во непослушна република на југот на земјата. Руската армија го опколи чеченскиот главен град Грозни – по опсадата во 2003 година, претставниците на Обединетите нации го опишаа Грозни како најуништен град на Земјата.

Путин лета кон Чеченија, март 2000-та, неколку месеци по почетокот на Втората чеченска војна

Русија со години ја потресуваа напади од милитанти, како што е опсадата на училиштето Беслан во 2004-та година, во кое загинаа 330 луѓе – претежно деца.

Путин официјално не стави крај на борбените мисии во Чеченија до 2009 година.

Путин во посета на жртвите на Беслан

На претседателските избори во март 2000 година, Путин доби поддршка од гласачите. Само неколку месеци подоцна, тој се соочи со криза.

Путин со членови на семејството на командантот на подморницата Курск

Кога Курск потона во август 2000 година, поминаа денови пред семејствата да бидат известени, а Путин не се врати веднаш од одмор на Црното Море. Тој беше жестоко критикуван за реакцијата на катастрофата.

Американскиот претседател Џорџ Буш го покани Путин во посета на САД во 2001. година.

За време на неговите први десет години на власт, Владимир Путин генерално беше во добри односи со западните лидери и покрај тоа што ја критикуваше нивната надворешна политика.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја посети Русија во 2003-та година за да разговара со Путин за ситуацијата во Ирак
Британската кралица го пречека Путин во 2003-та година – тој е првиот руски лидер кој бил во официјална посета од 1874. година

Русија беше домаќин на самитот Г8 во 2006 година – со ова го потврди своето членство во економската група.

Ангела Меркел, Тони Блер, Жак Ширак, Владимир Путин, Џорџ Буш се фотографираа на самитот Г8, 2006. година

Рускиот устав предвидува дека едно лице не смее да биде на местото претседател на Русија повеќе од два последователни мандати, па Путин стана премиер во 2008 година.

Малкумина го доживуваа претседателот Дмитриј Медведев како нешто повеќе од штитеник на Путин кој ја чува функцијата додека не се врати шефот.

Како премиер, Путин ги посети жртвите од војната во Грузија

Кога Грузија, во обид да ја врати контролата врз Јужна Осетија во 2008 година, Русија одговори со испраќање војска.

Кратката августовска војна ги алармираше западните лидери, но влегувањето на руските сили во источна Украина во 2014 година беше пресврт за нивната врска со Путин.

Европската унија и Соединетите држави реагираа на окупацијата на Русија и анексијата на Крим со воведување санкции и суспендирање на членството во Г8.

Популарноста на Путин во Русија значително порасна по анексијата на украинскиот полуостров во 2014-та година, покажуваат истражувањата на јавното мислење
Путин е често во друштво на бајкери. Тој присуствуваше на собир на моторџии на Крим во август 2019. Украина рече дека тоа е грубо кршење на суверенитетот на државата
Дијалогот меѓу Украина и Русија продолжи во декември 2019-та, пет години од почетокот на конфликтот

Четири години по почетокот на граѓанската војна во Сирија, Русија го поддржа претседателот Башар ал Асад, чија влада беше на раб да пропадне. Одлуката на Путин да испрати руски авиони и оклопни возила го промени односот на силите на теренот.

Одлуката на Путин да го поддржи Асад го промени текот на сириската граѓанска војна

По победата на Доланд Трамп на американските претседателски избори во 2016-та, американските тајни служби заклучиле дека Русија се мешала во кампањата.

Владимир Путин и Доналд Трамп

Велика Британија ја обвини Москва за труењето на поранешниот руски воен известувач Сергеј Скрипал во 2018-та година.

Тензијата во односот меѓу Путин и тогашната британска премиерка Тереза Меј беше видлива по труењето на Скрипал

Во текот на сите години на власт, Путин сакаше да ја контролира сликата што за него и неговата земја ќе ја имаат другите. Бројните фотографии кои беа објавени во годините на власт, имаа за цел да го покажат како силен маж.

Путин без маица шета со пушка во близина на границата со Монголија, 2007. година
Од време на време, Путин на јавноста и ја покажуваше и нежната страна. На фотографијата тој се игра со неговите кучиња Вафи и Јуми, 2013. година
Се обиде да покаже и спортски способности, учествувајќи во хокејарски натпревари и џудо мечеви

Русија беше домаќин на Зимските олимписки игри во 2014-та година и Светското првенство во фудбал во 2018-та година.

Игрите во Сочи беше успешни, но последиците од скандалот со допингот се уште се чувствуваат.

Светската антидопинг агенција одобри четиригодишна забрана за Русија во сите главни спортски настани. Во извештајот од 2015-та пишува дека Русија управувала со тоа што претставува државна допинг програма во атлетика. Откриено е дека биле менувани лабараториските податоци.

Путин на Мундијалот

Иако Мундијалот во 2018-та година беше означен како меѓународен успех, скандалот со допингот значи дека Русија нема да може да учествува на наредниот во Катар 2022-та година.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп