Српскиот национален совет за заштита на потрошувачи го поддржа формирањето на Национален совет за безбедност на храна и измени на Законот за безбедност на храна, соопштуваат српските медиуми.
Формирањето на советот го предложи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според соопштението на Министерството за странска и домашна трговија и телекомуникации, Националниот совет се согласил за усвојување на измените на Законот за безбедност на храна, со кои ќе се придонесе за „подобра контрола на исправност и квалитет на храната“ во Србија.
Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Данило Голубович, информирал дека надлежната инспекциска служба веќе ја зајакнала контролата на квалитетот на млекото и млечни производи и сточна храна.