Во новите судири во Багдад најмалку 14 повредени

Од:

Најмалку 14 лица се повредени денеска во Багдад во новите судири меѓу демонстрантите и полицијата, која се обиде да ги растера протестирачите од центарот на ирачката престолнина. Во јужниот град Насирија повредени се 17 лица.

Безбедносните сили повторно употребија борбена муниција и солзавец против демонстрантите во Багдад и другите ирачки градови.

Новиот обид на полицијата да ги растера демонстрантите доаѓа неколку часа откако популистичкиот шиитски свештеник Моктада ал-Садр, кој има милиони приврзаници во Багдад и јужен Ирак, го најави своето повлекување од антивладините протести.

Поддржувачите на Садр започнаа да се повлекуваат од демонстрациите рано утрово, по неговата објава.

Безбедносните сили отстранија бетонски бариери во близина на плоштадот Тахрир во Багдад, каде со месеци се собираат демонстранти.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак