За 3,4 отсто е намален бројот на учениците во редовните средни училишта во учебната 2012/2013 година во споредба на претходната учебна година и изнесува 89.884 ученици, соопштуваат од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Бројот на ученици е намален и во редовните основни училишта, говорат податоците на ДЗС, па во оваа учебна година бројот на учниците изнесува 195.311 што претставува намалување за 1,8 отсто во однос на претходната учебна година.