Јужна Кореја и САД потпишаа нов воен план за дејствување во вонредни ситуации

Од:

Јужна Кореја и САД потпишаа нов воен план, што предвидува како сојузниците ќе комуницираат еден со друг и како ќе реагираат при евентуална агресија од страна на Северна Кореја, пренесоа американските медиуми.

Потпишувањето се случи на одгласите за закани од Северна Кореја за напад врз сојузниците заради нивните заеднички воени вежби и новите санкции на ОН по нуклеарната проба на Пјонгјанг.

Советот на началници на штабови во Сеул денеска изјави дека планот има за цел да му парира на евентуалниот иден ограничен севернокорејски напад, но детали од него не беа објавени.

Работата на планот почна по артилерискиот напад од страна на Северот врз јужнокорејски остров во 2010 година, во кој беа убиени четири лица.

Сојузниците имаат и одделен план во случај на тотална војна на Корејскиот полуостров.

Во Јужна Кореја се разместени 28.500 американски војници.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија