Вучиќ: Ќе има реконструкција на Влада, но не и нов премиер

Од:

Српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ потврди дека ќе има реконструкција на Владата на Србија, но негираше дека тој ќе го замени Ивица Дачиќ на премиерската функција.

– Доколку сме незадоволни од работата на премиерот ќе одиме на нови избори. Сега не сме незадоволни, истакна Вучиќ на прес-конференција.

Тој нагласи дека Извршниот одбор на неховата Српска напредна партија (СНС) на седница, која ќе се одржи по 2 април, ќе ги разгледа прашањата за реконструкција на Владата.

Запрашан дали ќе го замени Дачиќ на премиерската функција, Вучиќ одговори: „Тоа нема да се случи“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ