Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи да се одржи самит на лидерите од Русија, Кина, САД, Франција и Велика Британија во 2020 година, за да разговараат за светските прашања.
Занемарувањето на минатото во врска со заканите може да има сериозни последици, рече Путин на петтиот Светски форум за холокаустот, пренесе руската агенција ТАСС.
Тој истакна дека е неопходно да се има храброст не само да се каже тоа директно, туку и да се стори сé што е во моќта на лидерите за да се заштити и одбрани мирот.
Според него, петте сили кои имаат посебна одговорност за зачувување на цивилизацијата можат и мора да дадат пример.
Путин рече дека со некои колеги веќе разговарал за идејата.
Тој предложи состанокот да се одржи во која било земја што колегите сметаат дека е соодветно место.