Познатиот моден бренд ГУЕС ја ангажираше познатата актерка, пејачка и танчерка Џенифер Лопез за рекламната кампања Пролет 2020.
Фотосесијата со познатата пејачка Џенифер Лопез е во ретро издание.
„Кога и да снимам фотосесија, секогаш помислувам на лик кој можам да го одглумам и многу се забавувавме правејќи го тоа при снимањето на оваа кампања. Идејата овојпат беше да се создаде микс помеѓу италијанските филмски ѕвезди од 60-тите, помешани со Мадона од 80-тите, помешани со Софија Лорен“ – изјавила Лопез.