Помпео: Ако морам, со задоволство ќе сведочам во процесот за отповикување на Трамп

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека е подготвен да сведочи во процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп доколку има законска обврска.

„Ако според закон морам да сведочам, како што реков претходно, ќе ми биде драго да го сторам тоа, изјави Помпео пред новинарите во Јамајка. Тој додаде дека не го следи процесот додека е на турнеја низ западната хемисфера.

Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал подолго судење за импичмент, со цел сегашни и поранешни функционери на администрацијата да можат да сведочат, но смета дека нивното појавување во улога на сведоци би претставувало опасност за националната безбедност.

Тој на прес-конференција во Давос, каде учествува на Светскиот економски форум, истакна дека Сенатот треба да одлучи како ќе се води процесот, но лично би сакал поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и актуелниот државен секретар Мајк Помпео да сведочат.

Проблемот со Болтон е што тоа претставува опасност за националната безбедност. Тој знае некои мои ставови и знае што мислам за лидерите. Што ќе се случи ако открие што мислам за одреден лидер, а тоа не е многу позитивно, нагласи Трамп, тврдејќи дека и сведочењето на Помпео би било ризично.

Американскиот Сенат синоќа усвои правила за водење на постапката за отповикување на Трамп, вклучувајќи одложување на дебатата за повикување сведоци се до средината на судењето.

Одлуката за импичмент во Сенатот се донесува со двотретинско мнозинство и Трамп е четврти американски претседател кој се соочува со таква можност. Ниту еден претседател на САД досега не е сменет преку директен резултат од процес на отповикување.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски