Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски очекува во наредните денови целосно да заврши откупот на тутунот од годинешната реколта.
Според него, годинава е постигната највисока откупна цена која со вклучените субвенции достига до 300 денари за килограм тутун.
-Во наредните денови очекувам откупот на тутун во целост да биде завршен иако согласно закон треба да заврши до крајот на месец февруари. Според последните информации од терен, просечната откупна цена достигна 222,2 денари. Околу 90 насто од вкупно произведениот тутун е откупен, а ние сме подготвени доколку се појави вишок на тутун кој не е откупен и тој да се откупи за што имаме резервна варијанта односно решение. Во однос на постигната откупна цена, рече министерот Димковски, ако се направи споредба во однос на последните 5 години кога просечната откупна цена на тутунот во 2014 и 2015 година беше 128, а потоа и 180 денари, во последиве 3 години откупната цена порасна на 217 и на над 222 денари, и ако на тоа се додадат субвенциите тогаш очекуваме просечната откупна цена на килограм тутун да изнесува близу 300 денари, изјави Димковски за време на денешната посета во Општина Новаци.