А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

На бензинска кај „Долно Блаце“ приведени лица со лажни документи

by А1он22/01/2020 - 11:33379
Share0

Пет возрасни и две малолетни лица, сите од Турција, се приведени ноќеска во 01:50 часот зашто при контрола се претставиле како израелски државјани и приложиле израелски патни исправи. Лицата, како што соопшти МВР, се пресретнати на бензинска пумпа во близина на граничниот премин „Долно Блаце“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Станува збор за К.С. (20), К.С. (46), Ј.М.М. (42), Н.Т. (46) и А.С. (27). И тие и децата се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, мигрaции, странци и реадмисија, за натамошна постапка.

Полицијата информира и дека ноќеска од слобода е лишен Т.С. (68) од село Богородица откако во неговото возило се пронајдени две лица од Турција со фалсификувани влезни и излезни печати. Се работи за Е.К. (35) и А.И. (25) кои сториле кривично дело „фалсификување исправа“.

Според МВР, Т.С. ги превезувал Е.К. (35) и А.И. во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки по автопатот А1 – клучка Миравци. Полицијата го привела во 01:00 часот по полноќ, а лицата се предадени во Полициската станица – Гевгелија за натамошна постапка.

Следете a1on на Youtube YouTube
incidentimvr

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео