Дачиќ: Доколку нема компромис, ќе продолжиме со ЕУ интеграции во 2014

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека доколку до 16-ти април не се постигне компромис во дијалогот со Белград и Приштина, Србија за продолжување на преговорите за евроинтеграција ќе треба да чека до втората половина од 2014 година.

Тој потсети дека инсистирал да продолжи дијалогот, од аспект што девет дена се краток период за дијалогот, освен да се апелира, па да се дојде до компромис.

-Ние навистина напраивме се, јас го продолжив договорот. Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон веќе ги собра документите и тргна да го прогласи крајот на преговорите. Не е спорно да се каже „не“кога треба навистина да се каже, но да го оставиме јунаштвото на страна пред народот, за моментот кога ќе немаме друг избор. За сега да се обидеме да најдеме друг излез, за да не дојдеме повторно во ситуација Србија да биде обвинета за крајот на преговорите – изјави премиерот на Србија.

Тој заклучи дека прашањето за Косово треба да се реши, без поврзување со прашањето за европските интеграции. Српскиот премиер положи венец на споменикот на починатите припадници на Армијата на Србија по повод денот за сеќавање на жртвите од НАТО бомбардирањето.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ