Повторно оштетени десетина корпи за отпадоци во старата скопска чаршија

Од:

Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови корпи за одлагање ситни отпадоци во Старата скопска чаршија, што ЈП Комунална хигиена-Скопје во октомври 2019 година ги постави на барање на Здружението на занаетчии на Чаршијата, со цел да се подигне нивото на хигиената на оваа фреквентна туристичка локација во центарот на градот.

„При поставувањето на корпите за ситни отпадоци упативме порака дека од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки што подолго време да ги сочуваат функционални и неоштетени, а денеска апелираме веднаш да престане уништувањето на опремата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, имајќи го предвид фактот дека во текот на 2019 година се опожарени 137, а од почетокот на новата година дури шест контејнери за одлагање на комуналниот отпад.“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Би можело да ве интересира

Старата скопска чаршија со нов лик – реставрирана улицата „Битпазарска“ и 39 излози на дуќани

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ганиу: Не ја уништуваме Скопската чаршија, туку ја ревитализираме за граѓаните

А1он

(ВИДЕО) Шилегов во Старата скопска чаршија: Во Скопје ќе се градо по план за да се обезбеди рамномерен развој

Наум Локоски

Жерновски-Морина: Старата скопска чаршија е културно богатство на Македонија, а еснафите тоа добро го знаат

Наум Локоски