Велјаноски ја искара опозицијата, водела „инает“ политика

Од:

Првиот меѓу еднаквите, Трајко Велјаноски, ја укори опозицијата, поднесувала многу закони, што не било пракса во ниту еден Парламент. Постојаното барање паузи, вели ја кочело работата. Ова за него е инает политика, а секој собраниски ден чини 15.000 евра.

Според опозицијата спикерот го крши и Деловникот и Законот за Собрание. Петокот е ден резервиран за средби со гласачите.

Во меѓувреме, на средба со избрани медиуми, Велјаноски најави дека следната недела во собраниска процедура ќе влезат измените на Изборниот законик направени по препораките на ОБСЕ ОДИХР и законот за финансирање на политичките партии. И се поради исполнување на препораките на ЕУ и добивање на уште еден позитивен извештај за работата на Собранието во октомври од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги