Партизан обезбеди место на Фајнлфор

Од:

Тимот на Партизан обезбеди место на „фајнлфор“ од АБА лигата откако синоќа очекувано лесно славеше против унгарски Шолнок со 83-69.

Црно-белите на завршниот Ф4 турнир во полуфиналето ќе играат против првопласираната Игокеа, со оглед на тоа што завршија на четвртата позиција по регуларниот дел од натпреварувањето.

Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Црвена Звезда и Раднички.

„Фајнлфор“ турнирот од АБА регионалната лига ќе се игра од 25. до 27. април во Лакташи. Финалистите од турнирот директно ќе обезбедат место во Евролигата за следната сезона, додека подобропласираниот во регуларниот дел од поразените полуфиналисти ќе игра квалификации за пласман на најквалитетното европско клупско натпреварување.

РЕЗУЛТАТИ (последно коло)
Партизан – Шолнок 83-69
Широки – Цедевита 75-77
Раднички – Ц. Звезда 80-75
Будуќност – Унион Олимпија 79-75
Крка – МЗТ Скопје 68-80

ТАБЕЛА: Игокеа (20 победи/ 6 порази), Црвена Звезда (18/8), Раднички (17/9), Партизан (16/10), Будуќност (16/10), Цедевита (15/11), МЗТ СКОПЈЕ (14/12), Унион Олимпија (13/13), Крка (9/17), Цибона (9/17), Широки (9/17), Шолнок (9/17), Задар (8/18), Сплит (8/18).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ