Претставничкиот дом го испрати импичментот во Сенатот, идната недела нови распити

Од:

Претставничкиот дом на САД денеска изгласа испраќање на предметите за импичмент во Сенатот и назначи седуммина, таканаречени менаџери, кои во својство на обвинители ќе го водат случајот против претседателот  Доналд Трамп на распитот во Сенатот, кој се очекува да почне идната недела.

Спикерката Ненси Пелоси назначи разновидна група на законодавци во кои се вклучени претседателот на Комисијата за разузнавање Адам Шифт и претседателот на Комисија за правосудство, Џери Надлер.

Останати членови се конгресмените Силвија Гарсија, Хаким Џефрис, Зои Лофгрен, Џејсон Криу и Вал Демингс.

Пред да започне денесшната седница, спикерката изјави дека републиканците во Сенатот за обудуваат да протнат распит за отповикувањ на Трамп без сведоци а тоа било еднакво на „политичко затајување“.

-Американскиот народ целосно ќе разбере дека потегот на Сенатот да почне сослушување без сведоци и документи е чисто политичко затајување, изјави таа.

Демократите истакнуваат дека Сенатот и Мич Меконел, како и претседателот, се плашат од излегување на фактите на виделина.

-Американските граѓани ја заслужуваат вистината, и Уставот бара сослушување, соопшти Пелоси.

Денешното гласање отвори пат Сенатот да го почне сослушувањето најрано оваа недела, иако првите распити најверојатно ќе почнат на почеток на идната, додека Сенатот да ги заврши формалните процедури.

Во Сенатот, републиканците држат мнозинство од 53 спрема 47 членови. За импичмент на претседателот Трамп е потребно двотретинско мнозинство.

Најмалку 20 републиканци треба да гласаат на иста линија со демократите, што засега е малку веројатно, така што се предвидува дека Трамп нема да биде отстранет од функцијата.

Од Белата куќа денеска изјавија дека во Сенатот претседателот „ќе биде целосно ослободен од обвиненијата“.

-Но тој засекогаш ќе остане отповикан претседател, изјави денеска Пелоси.

-Уште една измамничка работа на демократите безделници. Цалата оваа работа требаше да се заврши во Претставничкиот дом, не Сенатот, напиша Трамп на Твитер пред да започне гласањето во Конгресот.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски