АМСМ: Намалена видливост поради магла на четири патни правци

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Тетово – село Гајре и Павлешници, Кула – Катланово, а со видливост до 100 метри на Страцин – Крива Паланка и Тетово – Гостивар, инфомрира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Опасни услови на патиштата – магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Внимателно возење: Магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

А1он

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини