Кинеската политика кон Тајван останува непроменета и покрај резултатите на изборите

Од:

Пекинг нема да ја промени својата политика кон Тајван, која сега се гледа преку политичката рамка „една земја, два система“, и покрај големата поддршка на избирачите на претседателските и парламентарни избори од минатиот викенд за актуелната претседателка и нејзината партија, кои се залагаат за независност на Тајван.

Портпаролот на Канцеларијата за тајванси работи, Ма Сиаогуанг, изјави дека Кина и натаму инсистира на таканаречениот „92 консензус“, што Тајван и Кина ги признава како два дела на единствената кинеска нација.

– Нема да се мешаме или да ги критикуваме изборите во Тајван. Овој круг од локалните избори не може да го промени ставот на Тајван како дел од Кина, рече Ма.

Тој додаде дека различните политички системи „не се ни пречка ни изговор“ за одржување на моменталната состојба со независнота на Тајван.

Тајванската претседателка Цај Инг-вен во саботата беше реизбрана на функцијата, додека нејзината Демократска напредна партија го задржа мнозинството во парламентот.

Резултатот од изборите претставува силна поддршка на избирачите за нејзиниот цврст став кон Кина.

Тајван разви свој посебен идентитет откако во граѓанската војна во 1949 година се одвои од Кина, но никогаш официјално не прогласи независност. Пекинг полага право врз островот со 23 милиони жители и се заканува дека може да употреби и сила за да го освои.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени