Во притвор 24-годишен кумановец дилер на дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за 24-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции. При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово, биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш, 1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која престојувал и во куќа сопственост на неговиот дедо, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово заедно со донесената наредба за спроведување истражна постапка доставил и предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело. Судот донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он