Лажна дојавата за поставена бомба на аеродромите во Скопје и Охрид

Од:

Концесионерот на македонските аеродроми ТАВ попладнево соопшти дека дојавата за поставена бомба на аеродромите во Скопје и Охрид, „Александар Велики“ и „Свети апостол Павле“ била лажна.

– На бројот за информации на скопскиот аеродром беше добиена дојава за бомба на аеродромите во Скопје и Охрид. ТАВ Македонија постапи во согласност со безбедносните процедури и веднаш го повика анти-терористичкиот тим на МВР кој изврши целосна безбедносна проверка и притоа беше утврдено дека нема причина за грижа, по што и двата аеродроми продолжија со нормалните активности, стои во соопштението од ТАВ.

Од МВР информираа дека по 14 часот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ анонимно, засега непознато машко лице се јавило и на лош англиски јазик алармирало дека има поставено бомба на аеродромите во Скопје и во Охрид. Екипи од антитероризам на МВР, согласно процедурите ги презеле сите неопходни мерки, меѓу кои и евакуација на вработените и патниците.

Портпаролот на МВР, Иво Котески за МИА информира дека е проверена новата аеродромска зграда и ништо не е пронајдено. Исто така преземени се мерки и на охридскиот аеродром, каде антитерористичките екипи не пронајдоа ништо сомнително. Полицијата ги презема сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое пријавило.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски