Македонскиот шампион и претсавник во јадранската АБА лига, МЗТ Скопје Аеродорм гостува во Ново Место кај Крка во последниот натпревар од дебитантската сезона.
Кошаркарите на МЗТ кои беша подобари од Крка на првиот меѓусебен дуел во Скопје (92:88), најавуваат бескомпромисна борба и нов триумф во дуелот со првакот на Словенија, а со тоа и атак на 6-та позиција на табелата.
Сепак посакуваниот пласман нема да зависи само од тимот од Аеродром, туку покрај победата над Крка на МЗТ Скопје потребен му е и пораз на тимот на Цедевита на гостувањето кај Широки.
Од останатите натпревари го издвојуваме дуелот во „Пионир’’ во Белград каде екипите на Партизан и Будуќност во меѓусебна пресметка ќе решаваат која од овие две екипи ќе обезбеди пласман на завршниот „Фајнал-фор’’ турнир.
АБА лига – последно 26 коло
Сабота
18.00 Цибона – Игокеа,
20.00 Крка – МЗТ Скопје Аеродром,
20.00 Раднички – Црвена Звезда,
20.00 Будуќност – Олимпија,
20.00 Широки – Цедевита,
20.00 Партизан – Солнок,
Недела
17.00 Задар – Сплит
Табела:
1. Игокеа 19-6 (победи-порази),
2. Црвена Звезда 18-7,
3. Раднички 16-9,
4. Будуќност 15-10,
5. Партизан 15-10,
6. Цедевита 14-11,
7. МЗТ Скопје 13-12,
8. Олимпија 13-12,
9. Цибона 9-16,
10. Широки 9-16,
11. Крка 9-16,
12. Солнок 9-16,
13. Задар 8-17
14. Сплит 8-17.