Небото над Сиднеј прво денеска потона во мрак, откако во најголемиот австралиски град е изгаснато светлото на еден час, со што Австралијците ја отвори планетарната акција „Час за нашата планета“.
Во Сиднеј светлата беа изгаснати со аплауз и извици „да живееме“ на мали групи луѓе, кои се собраа да го гледаат мракот на хоризонтот и претворањето на светлата на сиднејската Опера во темно зелено, што симболизира обновлива енергија.
Организаторите очекуваат дека стотина милиони луѓе ширум светот во околу 150 земји ќе го изгаснат светлото во 20.30 часот по локално време, како симболична поддршка за Планетата Земја, а многу од најпознатите светски атракции, како што се њујоршкиот Емпајер стејт билдинг и Кремљ во Москва, вечерва ќе бидат во мрак цел час.
Акцијата „Час за нашата планета“, во рамките на која ќе се изгаснат светлата и декоративното осветлување на многубројни објекти е со цел ублажување на последиците од климатските промени.