Со одигрувањето на три натпревари синоќа беше комплетирано 12. коло во кошаркарската Евролига, а порази забележаа тимовите на Олимпијакос за кој настапува Перо Антиќ и на Фенербахче Улкер каде игра Лестер Бо Мекејлеб.
Постигнати резултати: Химки – Фенербахче Улкер 99:76 (Мекејлеб 18 поени), Бешикташ – Монтепаски Сиена 72:70 и Олимпијакос – Макаби 67:73 (Антиќ 7 поени).
По оваа рунда од ТОП 16 фазата, во групата Е веќе се познати три екипи кои ќе играат во нок-аут фазата, а тоа се ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Анадолу Ефес.
Од групата Ф пласман во четвртфиналето досега има обезбедено само Барселона.
Табела група Е: ЦСКА Москва 9-3 (победи-порази), Реал Мадрид 9-3, Анадолу Ефес 9-3, Панатинаикос 8-4, Уникаха 6-6, Жалгирис 5-7, Алба Берлин 2-10 и Бросе Баскет 0-12.
Табела група Ф: Барселона 11-1 (победи-порази), Химки 7-5, Макаби 7-5, Олимпијакос 7-5, Монтепаски 7-5, Каха Лаборал 6-6, Фенербахче Улкер 2-10 и Бешикташ 1-11.