Министерот Чулев за решенијата за вработување ќе бара мислење од синдикатот

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев имал работна средба со раководствата на репрезентативниот Македонскиот полициски синдикат и Независниот синдикат на полицијата, каде што рекол дека е свесен за огромниот број поплаки на полициските службеници за претходно спроведената систематизација. Според него, ќе се воведе механизам за заштита од повреда на правата на вработените преку зголемен надзор и проверка на издадените решенија.

Тој ги информирал дека донел одлука за стопирање на решенијата кои се уште не се врачени. На средбата било договорено преставниците на синдикатите да испратат писмена информација за нивниот став во однос на последните распределувања кои предизвикаа реакции во јавноста.

„На преден план е професионалноста и квалитетот во вршењето на работните задачи и министерот ја даде апсолутната поддршка на полициските службеници кои ја извршуваат својата работа согласно пропишаните правила“, се вели во соопштението.

На средбата се разговарало за тековните состојби во министерството, а пред се целта сите полициски службеници професионално да придонесат претстојните избори да поминат во најдобар ред односно да се обезбеди фер и демократски изборен процес. Освен тоа, било потенцирано дека било какво непочитување на законите соодветно ќе биде санкционирано.

На средбата било договорено и да биде формирана комисија за  ревизија на сите правни акти издадени во последниот период во Министерството за внатрешни работи, со учество на синдикатот, која треба да утврди дали се направени неправилности и да подготви соодветен извештај.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он