Ангеловска: Не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за да видиш каде оди секој денар

Од:

Ако некој е транспарентен и отворен тоа е Министерството за финансии. За овие две и пол години работите во фундамент се променети. Ако порано забелешките на меѓународните финансиски институции беа дека фискалната транспарентност е на ниско ниво, сега напротив, добиваме пофалби за фискалната транспарентност, рече министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Министерството за финансии.

– Не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и секој денар каде оди. Тоа сега може да го гледа секој преку платформата „Отворени финансии“, одговори Ангеловска.

Со платформата „Отворени финансии“ која беше пуштена во употреба минатата година сите исплати од трезорот се достапни до општата јавност. Граѓаните можат да ја користат и алатката со која се гледа реализацијата на капиталните расходи од сите буџетски корисници, а во тек е изработка на нова алатка за транспарентност и отчетност која се однесува на јавниот долг и со која јавноста ќе може прецизно да го гледа секое евро задолжување или раздолжување, како и намената за која е потрошено.

Министерката Ангеловска рече дека обидот, меил испратен од кабинет, кој содржи процедура за работа, да се претстави како завера, не е ништо повеќе од обид за политичко поентирање.

-На оваа позиција дојдов без никаков багаж. Немам ни црвени, ни розови ни црни очила и немам што да кријам. Тоа го покажуваат и моите заложби за транспарентност. Дојдив да работам и да ги носам најдобрите одлуки за граѓаните, нагласи Ангеловска.

Во интерес на институцијата, вработените и првенствено граѓаните, Ангеловска рече дека се надева дека конструктувно ќе продолжи натамошната соработка со техничката дополнителна заменик министерка и нејзините соработници.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска