Една од најбараните претстави во НУ Театар Комедија – Скопје и претстава која ги урива рекордите во гледаност на ниво на целата држава е претставата „Вардарски пастуви“ во режија на Синиша Евтимов.
Оваа претстава и годинава ќе гостува во градовите низ нашата земја, а само уште неколку изведби ја делат од јубилејната 100-та изведба.
Според Годишната програма за 2020 година, одобрена од Министерството за култура, претставата „Вардарски пастуви“ во ноември годинава ќе гостува и во Австралија.
Ова гостување на Театар Комедија е поддржано од страна на Министерството за култура, а значајна поддршка за гостувањето на оваа театарска куќа даде и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.