А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицотакис: Даваме поддршка за пристапување на С. Македонија во ЕУ

by А1он08/01/2020 - 21:0109/01/2020 - 08:07362
Share0

Договорот од Преспа е испочитуван, се уште имаме проблеми со неговото имплементирање како трговските марки и сопствеништвото на брендот, но даваме поддршка за евроатлантската иднина на земјата, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дебата во Вашингтон.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Им помагаме на грчките компании да ги заштитат трговските марки „македонски“, и работиме систематски на тоа. Но, истовремено кажавме дека ќе го предводиме Западниот Балкан во ЕУ и сакаме грчкото влијание и интереси кај северниот сосед да бидат земени предвид“, рече Мицотакис на дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Притоа, посочи тој, потребен е отворен пристапен процес со Унијата.

„Не треба да им ја затвориме вратата в лице, истакна тој, посочувајќи дека го поддржува пристапувањето и оти е разочаран од ветото на Франција за отварање на преговорите со Северна Македонија“.

Следете a1on на Youtube YouTube

За пристапувањето на Албанија во ЕУ пак, истакна дека постојат некои услови како признавањето на правата на грчкото малцинство во таа земја.

Тој истакна дека Грција се наметнува како столб на стабилноста како во источниот Медитеран, така и на Балканот, и оти Вашингтон и Атина сега имаат заедничка агенда да работат кон зголемување на економската стабилност и безбедноста во југоистична Европа, преку економска интеграција на источниот Медитеран и поддршка за евроатлантската иднина на Западниот Балкан.

„Изградбата на гасоводот „ИстМед“ не е против турските интереси. Со Анкара сакаме политика на заемно почитување, а не разговор од позиција на сила, истакна тој на прашање дали гасоводот, што е планиран да биде завршен до 2026 година, е против интересите на Турција“.

Договорот за изградбата на гасоводот „ИстМед“, премиерите на трите земји го потпишаа минатата недела во Атина. Гасоводот ќе се простира од Израел, преку Кипар до Грција и Европа, но против настапи Турција, бидејќи во регионот работи трансанадолискиот цавковод по кој Грција добива гас од Азербејџан.

„Десет години бевме префокусирани на нашите внатрешни проблеми. Време е да се вратиме во регионот со напредна агенда,“ најави Мицотакис.

Според новата стратегија за која синоќа се зборуваше и на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, САД во Грција гледаат и клучен сојузник во спроведување на американските интереси во регионот на источен Медитеран.

Двајцата лидери зборуваа и за американските инвестиции во Грција, можност за купување воена опрема од САД, а ги спомнаа и акциите на Турција, кои Мицотакис ги опиша како провокативни.

Трговска соработка меѓу двете држави се зголемува, се отвараат нови американски капацитети во земјата, се потврди на дебатата во Атлантски совет.

Мицотакис денеска продолжува со официјалната посета на Вашингтон и има средби во Сенатот и Претставничкиот дом, но и со американски бизнисмени.

Вечерва, пак, ќе присуствува на прием организиран од потпретседателот на САД Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео.

grcija

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он05/10/2026 - 10:11

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 10:4129/09/2026 - 15:44

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он28/09/2026 - 09:5528/09/2026 - 09:57

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 09:27

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 09:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео