МФ: Демантираме дека била забранета комуникација на вработените со техничката дополнителна заменик министерка за финансии

Од:

„Транспарентноста е приоритет на Министерството за финансии и Владата. Од таа причина, а и со цел точно да ја информираме јавноста – ги демантираме наводите изнесени во дел од медиумите дека била „забранета комуникација на вработените со техничката дополнителна заменик министерка за финансии“.

Организацијата на работата на Министерството за финансии, како и кај секој државен орган, е точно утврдена и пропишана со Процедури за работа. Согласно Процедурите за работа, вработените го работат предметот, го доставуваат до раководното лице на одобрување, а потоа до Кабинетот на одобрување – што е пракса години наназад. Структурата на изработка и проверка на предмети постои токму со таа цел – проверка и точност на податоци“, се вели во реакцијата на Министерството за финансии.

„Обидот да се претстави пропишаната процедура за работа како завера од страна на одредени медиуми, не го гледаме како ништо друго освен обид за политичко поентирање преку лажни вести. Тоа е спротивно на интересот на Министерството за финансии јавноста да биде навремено и точно информирана.

Во интерес на институцијата, вработените и првенствено – ГРАЃАНИТЕ, се надеваме на конструктивна соработка со техничката дополнителна заменик министерка и нејзините соработници“, велат од Финансии.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска