Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, беше подложен на операција на глуждот, нешто што беше потврдено претходно оваа недела од страна на менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер.
Французинот постави на Инстаграм кратко видео од болницата каде што му била извршена интервенцијата.
Од почетокот на сезоната, Погба има само осум натпревари на сите турнири со екипата на Манчестер Јунајтед, поради неговите континуирани проблеми со глуждот.
Според Солскјер, повредата што довела до оваа операција е различна од онаа, што наметна тоа Погба да пропушти три месеци.
Paul Pogba, dans les vapes, donne de ses nouvelles après son opération. #MUFC pic.twitter.com/rNWZ4qBJYS
— Manchester United (@MUnitedFR) January 7, 2020
Французинот сигурно нема да игра до крајот на јануари, а многумина велат дека неговиот менаџер Мино Рајола, во меѓувреме ќе се обиде да договори трансфер во друг тим.