Бедуини киднапирале двајца туристи

Од:

Вооружени бедуини денеска на Синајскиот Полуостров киднапирале двајца туристи, Израелец и Белгијка, кои се движеле со автомобил од една до друга плажа, соопшти полицијата.

Напаѓачите го пресретнале нивното возило и ги натерале да влезат во нивниот камион. Туристите тргнале од јужниот туристички комплекс Таба во близина на границата со Израел, со намера да одат во Дахаб.

Овие заложништва на Синајскиот Полуостров не траат подолго од 48 часа, а започнаа по бунтот во Египет во 2011 година, кога од власта беше соборен претседателот Хосни Мубарак.

Киднаперите се бедуини кои земаат заложници и за нивно пуштање бараат ослободување на припадници на бедиунските племиња од египетските затвори.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина