ВИДЕО: Уапсен „малчанскиот бербер“ кој ја киднапира 12-годишната Моника

Од:

Нинослав Јовановиќ, познат како „Малчански бербер“ е уапсен денеска во полициска акција во близина на гробиштата во неговото родно село Малча, јави „Б92“.

Тој е префрлен во затворот во Ниш, а портпаролот на обвинителството, Борислав Радоњиќ рече дека во моментов не знае дали сослушувањето ќе биде утре или во вторник. Како што посочи, тоа ќе зависи од собирањето на документацијата и другите докази.

Потрагата по Јовановиќ траеше од средината на декември, кога тој ја киднапира 12-годишната Моника Каримановиќ на патот кон училиштето.

„Мачанскиот бербер“ го држеше девојчето 10 дена во викендичка, по што успеа да и побегне на полицијата. Моника беше пренесена во болница, а по Јовановиќ се трагаше.

Би можело да ве интересира

Педофил е осуден на 18 години затвор – правел експлицитни слики од деца користејќи вештачка интелигенција

А1он

Охриѓанец следел две малолетнички, едната ја принудил да го бакне, а настанот го снимал со мобилен

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Старец се допирал по гениталиите и фотографирал девојче во автобус на ЈСП

Педофил нападнал три годишно дете во Дебар маало, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција

А1он