Еден сопственик на антикварница во Велика Британија им забрани влез на туристите, закачувајќи на вратата напис на кој пишува дека во неговата продавница можат да влезат само оние кои живеат во радиус од 50 километри.
Марк Галфин, кој е сопственик на антикварницата „Аладинс Кејв“ во Крајстчрч ги испитува муштериите, кои се и од каде се.
Тој вели дека му е доста од туристи, кои му го одземаат времето, а не купуваат ништо.
Подоготвен е да го промени правилото, но да им наплаќа по една фунта за оние кои не живеат во близина на Крајстчрч.
Меѓутоа локалната Комора за трговија стравува дека овој негов чекор ќе ги избрка посетителите од градот.