ЕУ поделена околу вооружувањето на сириските бунтовници

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се поделени во врска со прашањето за вооружување на сириските бунтовници, соопштија дипломатски извори.

Според истите извори, мнозинството од учесниците на денешната средба на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Даблин оцениле дека евентуалното испраќање оружје на бунтовниците во Сирија дополнително би ја влошило состојбата во земјата.

Главни иницијатори за укинивањето на ембаргото за извоз на оружје за Сирија и за вооружување на бунтовниците се Франција и Велика Британија.

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле изјави дека ги разбира мотивите на Париз и Лондон за вооружување на бунтовниците, но нагласи дека Германија не би сакал во рацете на бинтовничките сили во Сирија да се најде ново оружје.

Против вооружување на бунтовниците се изјасни и ирскиот министер за надворешни работи Ејмон Гилмор кој претседава со Советот.

Пред почетокот на денешната министерска средба во Даблин, министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија, Лоран Фабиус и Вилијам Хејг изразија загриженост поради, како што нагласија, „намерите на сирискиот претседател Башар ал Асад да употреби хемиско оружје во граѓанската војна во Сирија“.

Во писмо испратено до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, Фабиус и Хејг оценија дека кризата во Сирија се повеќе претставува закана за регионалната стабилност, додавајќи дека „се многу загрижени од намерата на режимот да употреби хемиско оружје“.

Фабиус и Хејг бараат од ЕУ да го олесни ембарго за извоз на оржује за Сирија, со цел да може да им биде испратено конвенционално оружје на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС