Со велосипедски патеки Маџари и Ченто се поврзуваат со Градот

Од:

Град Скопје работи на подобрување на велосипедската инфраструктура во градот, каде што во текот на 2019 година се реконструираа постојни и се изградија нови велопатеки во должина од околу 16 километри. Деновиве започна и големиот проект за поврзување со велосипедски патеки на населбите Маџари и Ченто со останатиот дел од градот, информираат оид Град Скопје.

Во моментов се вршат градежни работи за изградба на нова велосипедска патека на булеварот Александар Македонски, од клучката Естекада до улицата Благоја Стефковски.

????????????????????????????????????

.
Паралелно со овие активности, во рамки на проектот за реконструкција на улицата Благоја Стефковски, во моментов се работи на изградба на нова велосипедска патека на потег од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов – Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито во должина од 870 метри.

????????????????????????????????????

Изминатиов период завршија градежните работи за изградба на велосипедска патека на бул. Киро Глигоров, на потег од крстосницата со улицата Перо Наков до улицата 808, а во наредниот период истата ќе се поврзе до клучката Естекада, со што ќе добиеме дополнително поврзување (конектор) во правец север-југ, којшто ги спојува општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба. Четирите постоечки рути, вклучувајќи го и кејот на реката Вардар се врзуваат со новите велосипетски патеки во населбата Маџари, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан