Американски беспилотни летала извршија нов напад во Багдад, потврдија извори во ирачката престолнина за Ал Арабија. Целите беа водачите на Националното движење за мобилизација (ПМФ) во Таџ, северно од Багдад. ПМФ тврди дека медицинскиот тим е погоден. Коалицијата предводена од САД негира дека извршила напад, што го потврдуваат ирачките сили.
Ракети истрелани од американските беспилотни летала погодиле два автомобила во Таџ, северно од Багдад, во напад насочен кон водачите на проиранското милиција, потврдија ирачки извори. Западни медиуми јавуваат дека во новиот напад загинале шест лица повредени се уште тројца други додека американски медиуми тврдат, повикувајќи се на ирачки извори, дека во нападот загинале пет лица.
Идентитетот на жртвите се уште не е познат, но ирачки извори велат дека целта бил шииот Ел Заиди, опишан од американски извори како врска помеѓу иранската единица за специјални операции и локалните шиитски милиции.
Националното движење за мобилизација по нападот објави дека е погоден медицинскиот тим на организацијата.
Коалицијата предводена од САД соопшти дека не извршила воздушен напад во близина на кампот Таџи северно од Багдад. Како што напиша портпаролот на коалицијата на Твитер, коалицијата не извршила никакви напади во изминатите денови.
Ирачки воени извори исто така негираат дека нападот кај местото Таџ воопшто се случил.
За новиот напад е известено по помалку од 24 часа откако американските „рипери“ со неколку проектили го убија влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани крај Багдад.