Владата усвои Национална стратегија и Акциски план за борба против насилството врз децата

Од:

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ги разгледа и усвои Стратегијата и Акцискиот план за превенција и заштита на децата од насилство во Република Северна Македонија. Националната стратегија (2020-2025) и Акцискиот план (2020-2022) ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и активностите што треба да се преземат и унапредат при превенција и заштита на децата од сите видови на насилство, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

И двата документи, велат од МТСП, биле подготвени од Националното координативно тело за превенција и заштита на децата од злоупотреба и занемарување. Во подготовката учествувале претставници од Министерството за труд и социјална политика и од други министерства, како и од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и други граѓански организации.

– Заштитата на децата од насилство претставува едно од основните права на секое дете. За жал, насилството останува да биде сериозна реалност за милиони деца во светот, оставајќи долгорочни последици врз нивниот развој, здравје и благосостојба. Кога станува збор за насилството врз децата мошне тешко е да се дефинира вистинскиот обем на проблемот, првенствено поради недоволното пријавување на случаите на децата жртви. Сепак, истражувањата спроведени во светот и кај нас покажуваат дека многу деца непотребно и тивко страдаат од насилство. Насилството се случува во дoмот и во заедницата и често останува нерегистрирано од страна на институциите одговорни за заштита на децата, се вели во соопштението.

Во земјава, велат од Министерството, заштитата на децата од насилство во последните 15 години е ставено како приоритет на кој континуирано и систематски се работи преку подобрување на политиките, законската рамка и низа мерки и активности за унапредување на системот за превенција и заштита на на децата од насилство. Покрај вложувањето во мерките за заштита на децата од насилство преку законските измени и развивање на програми и услуги, преземени во изминатиот период, додаваат оттаму, во иднина неопходно е да се стави поголем акцент на превентивните програми и активности засновани на докази.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски