(ВИДЕО) Адвокатот на Јанева: Јосифовска кажа како се постапувало во „Империја“, нема ништо невообичаено

Од:

Адвокатот Дељо Кадиев кој ја застапува Катица Јанева во случајот „Рекет“ по денешното рочиште констатираше дека нема ништо невообичаено во постапувањето на Јанева во предметот „Империја“. Овој став го кажа откако претходно за работењето во СЈО сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска која е заменичка на Катица Јанева.

„Денеска беше сослушана обвинителката Елизабета Јосифовска. Сосема коректно си даде исказ како било работењето, односно она што може да го сведочи, какво било работењето во СЈО, како се добивале предметите на распоред. Како таа постапила по одредени барања поврзани со предметот „Империја“ и ние како одбрана сметаме дека се покажа дека ништо невообичаено немало во нејзиното постапување во поглед на овој предмет, како и воопшто дека нема ништо невообичаено во постапувањето по предметот „Империја“. Таков е нашиот впечаток, веруваме дека и судот истиот впечаток ќе го има“, рече Кадиев.

Обвинителката Елизабета Јосифовска во денешното сведочење за случајот „Рекет“ рече дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“, по налог на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог