А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Јовановски: Пријавив закани за ликвидација кај Русковска, се гледам како политички затвореник

by Кристијан Ландов03/01/2020 - 11:1903/01/2020 - 11:211238
Share0

Обвинетиот Бојан Јовановски пред судот посочи дека тој се гледа себеси како политички затвореник, но и дека пријавил закани за негова ликвидација кај обвинителката Вилма Русковска.

Добивај вести на вибер

„Неопходна обврска да ве известам за мојата состојба. Прва околност е мојата лоша здравствена состојба. Го молам судот да ги цени околностите на здравствената состојба. Нееднаква е мојта положба пред Уставот. Јас се чувствувам понижено. Јас ги пријавив кај Русковска заканите за моја ликвидација. Сакам да известам судот се чувствувам како политички затвореник, бидејќи „Рекет“ се повеќе личи на арена на политичките чинители. Вистината за случајот ќе се дознае само ако има неселективно“, рече Јовановски.

Јовановски на судот му предочи дека ако во предметот „Рекет“ се постапува политички за што тој има информации, тогаш ќе штрајкува со глад.

„Доколку судот постапува политички, јас ќе штрајкувам со глад како најрадикална мерка која согласно здравствената состојба, на крајот може да биде со фатални последици. Го молам судот да носи одлуки без притисоци и закани“, посочи Јовановски.

Тој кажа дека испратил писма до неколку амбасадори, од кои побарал да го посетат во затворот. Јовановски смета дека судот селективно ја цени неговата здравствена состојба.

„На кого му пречи вистината за „Рекет“ и кој сака моја физичка ликвидација. Денес испратив лични писма до Амбасадата на САД, до Самоил Жбогар, до Тимоние, до Хелсиншкиот комитет, побарав нивна посета во затворот „Скопје“ поради чувството на дискриминација“, рече Јовановски.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен