Притвор за кавадарчанка обвинета за „дилање“ хероин и марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, жителка на Кавадарци со престојувалиште во Скопје, која е обвинета дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетата, на возраст од 32 години, во текот на ноември, во станот во кој престојувала на улица „Венјамин Мачуковски“ во скопски Аеродром, неовластено заради продажба држела хероин и марихуана.

На 14 ноември, при претрес во домот, овластени полициски службеници пронашле 5,79 грама хероин и 0,58 грама марихуана, како и парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога.

– Во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека обвинетата остварувала телефонска комуникација со лица на кои им ја продавала дрогата, како и со сведок-таксист кој повеќе пати ја превезувал до локации во Скопје каде обвинетата неовластено продавала марихуана и хероин, се појаснува во соопштението од ЈО.

Во конкретниот случај, надлежниот јавен обвинител оценил дека се исполнети законските основи, односно дека обвинетата би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Од тие причини обвинителот до судот доставил и посебен предлог да биде продолжена претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки