Светската антидопинг агенција (WADA) денеска ги предупреди сите спортисти да не ја купуваат супстанцата под име GW501516, бидејќи е опасна по здравје.
Како што соопшти Aгенцијата, овој препарат, кој се наоѓа на листата на забранети, е токсичен и може да предизвика срцеви проблеми.
Производството на овој препарат е запрено, но тој и натаму може да се најде на црниот пазар, па затоа WADA реагира со ова предупредување.