„Службен глас“ – нова алатка за транспарентна комуникација на владините институции

Од:

Сите ние кои сме дел од јавниот сектор имаме обврска да комуницираме отворено и да бидеме еднакво блиску со сите граѓани. Нашата услуга треба да биде навремена и со еднаков квалитет до секој човек, до секоја заедница, порачува премиерот Зоран Заев по повод ставањето во функција на „Службен глас“ – билтен за транспарентна комуникација на вработените во владините институции.

Како што посочува Заев, билтенот е дел од стратегијата за внатрешни комуникации на Владата чија цел е информирање на вработените и нивно ангажирање со цел зголемување на нивните резултати, мотивација и благосостојба.

-Наш стремеж е „Службен глас“ да стане автентичен глас на службеникот. Успехот на секоја организација е во нејзините вработени. Ова е особено точно за владините институции бидејќи испораката на државните политики многу зависи од мотивираноста на јавните службеници, кои пак се одговорни за испорака на информации и сервиси до граѓаните, вели премиерот.

Укажува на потребата од подобра работна култура и дека јавните службеници треба да им служат на грашаните.

-Со воведувањето на овој нов канал за внатрешната комуникација и за внатрешното споделување на информации и знаења, сакаме да ја подобриме работната култура во јавната администрација. Важно е да постигнеме заедничка средина во која секој службеник ги знае и ги споделува зацртаните вредности, ги разбира политиките и посветено работи на заедничката мисија. Само така максимално ќе ги искористиме нашите капацитети, со цел подобро да им служиме на граѓаните. Отворената комуникација ќе ни донесе искреност, критика, пофалби и подобрување на нашата работа. Овие нови комуникациски алатки се нова можност да се запознаат службеникот и претпоставениот, да се зголеми довербата меѓу вработените и да создадеме нови идеи за социјализација со граѓаните и меѓу вработените. Конечно, гласот на службеникот е многу важен, тој глас може и треба да влијае врз политиките, истакнува Заев.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски