Македонско-грчка акција за чистење на Дојранското езеро

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов придружуван од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски денеска присуствуваше на нуркачката акција за чистење на Дојранското Езеро која по повод Светскиот ден на водите ја изведоа нуркачи од Македонија и Грција.

– Во Дојран сум да го одбележиме Светскиот ден на водите и да укажеме на совеста на луѓето затоа што водите се ограничен ресурс без кои нема ни живот. Со оваа акција за чистење на езерото укажуваме колку треба да бидеме посветени и за нас и идните поколенија. Убаво е да се види на ова место како македонските и грчките нуркачи го чистат езерото, затоа што тоа е заедничко. Со овој симболичен гест се укажува дека секоја заедничка акција може да даде резултат и успех за да ја сочуваме околината за идните поколенија, истакна претседателот Иванов.

Целта на акцијата што уште од вчера се спроведуваше на целата површина од езерото е да се реши заедничкиот македонско-грчки проблем со загадувањето на водата на Дојранското Езеро затоа што годинава Светскиот ден на водите е во знак на воспоставување добрососедски односи меѓу државите кои ги соединува водена површина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час