Ирачкиот премиер ги повика демонстрантите да се повлечат

Од:

Ирачкиот премиер Адел Абдул Махди ги повика демонстрантите пред американската Амбасада во Багдад да се повлечат и предупреди да не се преземаат агресивни мерки против странските амбасади и претставништва.

Махди во соопштение нагласи дека безбедносните сили ќе спречат каква било агресија против странските амбасади и дека сторителите ќе бидат строго казнети.

Припадници на обезбедувањето на американската Амбасада во Багдад испукаа денеска шок бомби врз демонстрантите пред влезот на објектот на Амбасадата.

Неколку иулјади Шиити во Ирак протестираат пред зградата на Амбасадата поради воздушните напади што ги извршија САД кога загинаа 25 припадници на Шиитите.

Амбасадорот и персоналот на Амбасадата беа евакуирани од зградата.

Ирачките безбедносни сили употребија солзавец за да растераат демонстранти пред американската Амбасада во Багдад. Една група упадна во Амбасадата и според западни медиуми биле регистрирани истрели. Очевидци тврдат дека од објектот излегува чад и засега не е јасно што го предизвикало пожарот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија