Судот денеска одлучува дали Нетанјаху е неподобен за функцијата

Од:

Врховниот суд на Израел денеска би требало да ја разгледа петиција за тоа дали обвинет член на Парламентот може да формира нова влада.

На прелиминарно заседание, совет од тројца судии ќе го сослуша подносителот на барањето за подобност на премиерот Бенјамин Нетанјаху да се кандидира за највисоката функција додека е под обвинение.

Сослушувањето е одговор на молбата што ја поднесе адвокатката Дафне Холц-Лахнер во име на група од 67 познати јавни личности, академици и раководители во струката чија цел е да се разјасни статусот на Нетанјаху, кој е обвинет во три случаи за корупција.

Во петицијата се тврди дека дури и ако според закон од Нетанјаху не може да се бара да поднесе оставка, судот треба да донесе одлука за неговата подобност за премиер кој ќе биде задолжен за формирање коалициска влада.

Доколку судот одлучи дека Нетанјаху е неподобен, тоа би можело да доведе до уставна криза во Израел и да ги влоши и онака ранливите врски меѓу израелската влада и правосудството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски