Градежен институт Македонија сака да ја преземе Фабриката Карпош

Од:

Комисијата за хартии од вредност даде дозвола на Градежниот институт Македонија АД Скопје да ги откупи сите акции на Фабриката Карпош АД Скопје.

Комисијата за хартии од вредност информира дека понудата за откуп се однесува на 224.334 обични акции со право на глас издадени од Фабрика Карпош АД Скопје. Понудувачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција. Градежен Институт Македонија АД Скопје на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје има депонирано паричен износ кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата.

Најмалиот број хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да се смета за успешна е 11 отсто од вкупниот број обични акции со право на глас, односно 32.903 обични акции.

На седницата што се одржа вчера, со која претседаваше претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска, беа обновени и три дозволи за работење на инвестициски советник.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош