Албанци муслимани и католици се степала во селото Динош кај Подгорица, поради селските гробишта. Петтмина се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од групата за интервенција.
Граѓаните муслимани не сакале да дозволат католичка фамилија да го изложи во капелата телото на својот починат близок во Америка. Но, откако интервенирала црногорската полиција, ковчегот е сместен во капелата.
Муслимански селани во средата со багер ги ископале влезните патишта кон селските гробишта, за да ги спречат своите комшии и сограѓани да извршуваат погребни церемонии.
Градоначалникот на Подгорица, Миомир Мугош, изјави дека однесувањето на муслиманските селани од Динош е „несфатливо“ и „особено необјасниво, бидејќи се работи за блиска фамилија по крв“.
Јасна Атанасова