Винко Мариновиќ е новиот тренер на ФК Сараево

Од:

Некогашниот селектор на младинската репрезентација на Босна и Херцеговина, Винко Мариновиќ, назначен е за нов тренер на фудбалскиот клуб Сараево.

Мариновиќ кој има 47 години, го напушти репрезентативниот ангажман за да стане тренер на тимот, чиј капитен е македонскиот репрезентативен напаѓач Крсте Велкоски.

Мариновиќ има работено во неколлку клубови. Титула во лигата на БиХ има освоено со Зрински во 2016 година, а од 2017 година ја вршеше функцијата селектор на репрезентацијата на БиХ за играчи до 21 година. Таму тој соработуваше со неколку играчи на ФК Сараево.

Би можело да ве интересира

Смртни закани кон претседателот на Фудбалската федерација на БиХ

Ана Ололовска

Душан Бајевиќ бесплатно ќе ја врши селекторската функција

Душан Бајевиќ е нов селектор на БиХ

Официјално: Велкоски го продолжи договорот со Сараево до 2021-ва

Ана Ололовска

ВИДЕО: Голманот на Слобода од Тузла го постави најлошиот „жив ѕид“

Наум Локоски